Тридневна временска прогноза (10.06.2021)

Тридневна временска прогноза (10.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  10 – 12 јуни 2021 година

Четврток 10.06.2021: Променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Петок 11.06.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Особено попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Сабота 12.06.2021: Променливо облачно време. Особено од пладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.