Тридневна временска прогноза (16.07.2021)

Тридневна временска прогноза (16.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 16 – 18 јули 2021 година

 

Петок 16.07.2021: Сончево и понатаму МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне и навечер ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за локална појава на град. Температурите ќе бидат само за некој степен пониски. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Сабота 17.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град. Температурите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови, но сепак и понатаму ќе бидат многу високи. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Недела 18.07.2021: Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат за неколку степени пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).