Тридневна временска прогноза (08.02.2022)

Тридневна временска прогноза (08.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 08 – 10 февруари 2022 година

Вторник 08.02.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со локално провејување на снег, особено во планинските региони. Ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе услови позначителен пад на температурите на воздухот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени, додека во планинските региони во западните предели температурите ќе се спуштат до околу -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени, додека во најтоплите крајни југоисточни предели од државава температурите ќе се искачат до околу 10 степени.

Среда 09.02.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Во северните планински предели ќе има услови за локално провејување на снег. Минималните температури ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Четврток 10.02.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со умерена локална облачност, особено во западните предели. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните дневни ќе бидат значително повисоки и натпросечни и истите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.