Тридневна временска прогноза (21.04.2021)

Тридневна временска прогноза (21.04.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 21 – 23 април 2021 година

Среда 21.04.2021: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец.Попладне локално ќе има повеќе облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Четврток 22.04.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон петок од запад ќе започнат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

 

Петок 23.04.2021: Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.