Тридневна временска прогноза (20.10.2021)

Тридневна временска прогноза (20.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 20  – 22 октомври 2021 година

Среда 20.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Претпладне во југозападните предели ќе има позначителна облачност. Под влијание на топлата воздушна маса од југ, температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степени.

Четврток 21.10.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од јужен и од југоисточен правец. Сепак локално ќе  има и нешто позначителна облачност.  Температурите остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степени.

Петок 22.10.2021: Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Повеќе облачност ќе има во западните предели, каде ќе има услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.