Тридневна временска прогноза (10.11.2021)

Тридневна временска прогноза (10.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 10 – 12 ноември 2021 година

Среда 10.11.2021: Променливо облачно и ПОСТУДЕНО со услови за локален слаб дожд, особено во југоисточните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени во најтоплите предели од државава.

Четврток 11.11.2021: Претежно облачно и свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Петок 12.11.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко, додека во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.  Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.