Тридневна временска прогноза (02.07.2021)

Тридневна временска прогноза (02.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 2 – 4 јули 2021 година

Петок 02.07.2021: Сончево и посвежо со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите на воздухот ќе бидат за неколку степени пониски. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност ( коефициент помеѓу 10 и 11).

Сабота 03.07.2021: Сончево и посвежо со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите поради продор на посвежа воздушна маса од север ќе бележат тенденција на пад. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ и покрај посвежото време сепак ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент од 10 до 11).

Недела 04.07.2021: Сончево со умерена, повремено и локално и значителна облачност. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите под влијание на малку посвежа воздушна маса од север, нема да бидат толку многу високи како што беа изминатите денови. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).