Тридневна временска прогноза (13.01.2022)

Тридневна временска прогноза (13.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 13 – 15 јануари 2021 година

Четврток 13.01.2022:  Сончево и СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО пониски за разлика од изминатите денови и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени.

Петок 14.01.2022: Сончево и СТУДЕНО со умерена облачност и тоа особено во северните и во источните предели. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.  Температурите особено оние максималните ќе бидат малку повисоки, додека наутро и понатаму ќе биде особено студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Сабота 15.01.2022: Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 4 степени, додека ,максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.