Тридневна временска прогноза (27.04.2022)

Тридневна временска прогноза (27.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 27 – 29 април 2022 година

Среда 27.04.2022: Сончево и ДОСТА ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури и понатаму нема да се менуваат многу и истите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Четврток 28.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремен локален дожд и ретки грмежи, и тоа особено попладне. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени, додека максималните ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 19 до 26 степени.

Петок 29.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Особено попладне и тоа во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд. Минималните температури ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.