Тридневна временска прогноза (09.10.2021)

Тридневна временска прогноза (09.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 9  – 11 октомври 2021 година

Сабота 09.10.2021: Претежно облачно и доста СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на СНЕГ. Температурите и понатаму ќе останат потпросечни за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени во најтоплите предели.

Недела 10.10.2021:  Облачно и  доста СВЕЖО со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите остануваат доста ниски и потпросечни за овој период од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Понеделник 11.10.2021: Променливо облачно и СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните предели од западен и од југозападен, додека во останатите предели од северен и од северозападен правец. Температурите и понатаму остануваат потпросечни за овој период од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.