Тридневна временска прогноза (29.11.2021)

Тридневна временска прогноза (29.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 29 ноември – 1 декември 2021 година

Понеделник 29.11.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели, додека на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите и понатаму ќе бидат релативно високи и тоа поради јужното воздушно струење и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 17 степени во најтоплите предели.

Вторник 30.11.2021: Под влијание на продор на студена воздушна маса од север, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежна покривка ќе се формира и на повисоките места, додека на планините ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми. Поради заладувањето услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Среда 01.12.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец.  Поради разведрувањето наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.