Тридневна временска прогноза (05.02.2022)

Тридневна временска прогноза (05.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 05 – 07 февруари 2022 година

Сабота 05.02.2022:  Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Во текот на ноќта и тоа особено во западните предели ќе има услови за локални врнежи од дожд и снег. Наутро ќе биде студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Недела 06.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен, додека максималните дневни ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Понеделник 07.02.2022: Претежно облачно, а особено од попладневните часови ќе започнат нови врнежи од дожд и од снег на пониските места, и само снег на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет, додека кон крајот на денот и навечер ќе дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени, додека максималните дневни ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.