Тридневна временска прогноза (13.04.2022)

Тридневна временска прогноза (13.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 13 – 15 април 2022 година

Среда 13.04.2022: Сончево и ПОТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат повисоки за разлика од изминатите утрини но сепак понекаде сеуште ќе се спуштаат под нулата, и истите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степени.

Четврток 14.04.2022: Претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури сеуште понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Петок 15.04.2022: Сончево и уште потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури насекаде ќе бидат над нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.