Тридневна временска прогноза (16.09.2021)

Тридневна временска прогноза (16.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 16 – 18 септември 2021 година

Четврток 16.09.2021: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат високи и над просекот за овој дел од годината. Наутро сепак ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Петок 17.09.2021: Сончево и натпросечно топло со умерена облачност. Ќе започне да дува умерен, особено во западните предели повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Под влијание на топлата воздушна маса од југ, температурите остануваат значително повисоки од просечните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Сабота 18.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд, особено во северните предели. Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите на воздухот, поради влијанието на топлата воздушна маса од југ остануваат високи и над просекот за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).