Тридневна временска прогноза (16.10.2021)

Тридневна временска прогноза (16.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 16  – 18 октомври 2021 година

Сабота 16.10.2021:  Променливо облачно и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Ветерот и тоа особено Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет, а ќе има услови и за локален краткотраен слаб дожд, особено претпладне. Температурите ќе бидат нешто повисоки за разлика од изминатите денови, и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Недела 17.10.2021: Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Понеделник 18.10.2021: Сончево и релативно ТОПЛО со умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат уште повисоки за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.