Тридневна временска прогноза (12.05.2021)

Тридневна временска прогноза (12.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  12 – 14 мај 2021 година

Среда 12.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне локално ќе биде нестабилно со дожд и услови за локална појава на грмежи. Ќе започне да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер, и тоа Долж Повардарието од југоисточен, додека во останатите места од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Четврток 13.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

 

Петок 14.05.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен и западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.