Тридневна временска прогноза (09.02.2022)

Тридневна временска прогноза (09.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 09 – 11 февруари 2022 година

Среда 09.02.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Во северните планински предели ќе има услови за локално провејување на снег. Минималните температури ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Четврток 10.02.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со умерена локална облачност, особено во западните предели. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните дневни ќе бидат значително повисоки и натпросечни и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Петок 11.02.2022: Сончево и релативно топло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат малку под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.