Тридневна временска прогноза (16.12.2021)

Тридневна временска прогноза (16.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 16 – 18 декември 2021 година

Четврток 16.12.2021: Променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите нема многу да се менуваат во споредба со оние од изминатите денови и истите ќе останат и понатаму релативно ниски. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Петок 17.12.2021: Променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Локално ќе има услови за слабо провејување на снег. Температурите ќе бидат без поголеми промени и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

Сабота 18.12.2021: Променливо облачно и студено со повремени локални послаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите остануваат и понатаму ниски, и тоа поради влијанието на студената воздушна маса од север, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.