Тридневна временска прогноза (20.11.2021)

Тридневна временска прогноза (20.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 20 – 22 ноември 2021 година

Сабота 20.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Сепак и покрај ова, температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Недела 21.11.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.  Температурите и понатаму нема многу да се менуваат, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Понеделник 22.11.2021: Постепено од запад облачноста ќе се зголемува и во попладневните и вечерните часови од запад ќе се прошират врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Наутро температурите ќе бидат повисоки и истите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени, што значи дека истите ќе бидат без поголеми промени.