Тридневна временска прогноза (26.01.2022)

Тридневна временска прогноза (26.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 26 – 28 јануари 2021 година

Среда 26.01.2022: Сончево и МНОГУ СТУДЕНО, особено наутро и со умерена облачност, особено во северните и во североисточните предели. Во крајните североисточни предели ќе има услови за слабо провејување на снег. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.  Наутро температурите и понатаму ќе бидат ИСКЛУЧИТЕЛНО НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, додека максималните дневни ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.

Четврток 27.01.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните дневни ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО повисоки за разлика од изминатите денови и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Петок 28.01.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Кон крајот на денот и навечер облачноста ќе се зголемува. Минималните температури насекаде ќе бидат негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени.