Тридневна временска прогноза (26.07.2021)

Тридневна временска прогноза (26.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 26 – 28 јули 2021 година

Понеделник 26.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст, и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка). Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).
Вторник 27.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степен. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).
Среда 28.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите и понатаму остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени. УВ ИНДЕКСOТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).