Тридневна временска прогноза (29.04.2022)

Тридневна временска прогноза (29.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 29 април – 1 мај 2022 година

Петок 29.04.2022: Променливо облачно и малу посвежо со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Особено попладне и тоа во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Минималните температури ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

Сабота 30.04.2022: Променливо облачно и уште малку посвежо со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Минималните температури ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степени.

Недела 01.05.2022: Променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне локално ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, што значи дека ќе бидат нешто повисоки, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.