Тридневна временска прогноза (30.09.2021)

Тридневна временска прогноза (30.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 30 септември  – 2 октомври 2021 година

Четврток 30.09.2021: Претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд, особено во западните предели каде ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен.

Петок 01.10.2021: Променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите преку ден ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите неколку денови, додека наутро ќе биде свежо. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Сабота 02.10.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб  ветер од променлив правец. Наутро ќе биде постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 12 степени. Додека максималните нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.