Тридневна временска прогноза (24.09.2021)

Тридневна временска прогноза (24.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 24 – 26 септември 2021 година

Петок 24.09.2021: Сончево и потопло преку ден со умерена локална облачност, особено во источните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Сабота 25.09.2021: Претежно сончево и топло преку ден со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6). 

Недела 26.09.2021: Претежно сончево и топло со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 12 степени, додека максималните ќе бидат значително повисоки и над просекот за овој дел од годината, и тоа под влијание на топлата воздушна маса од југ и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).