Тридневна временска прогноза (10.12.2021)

Тридневна временска прогноза (10.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 10 – 12 декември 2021 година

Петок 10.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд и снег на планините.  Температурите ќе бидат значително повисоки и тоа поради јужното воздушно струење, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Сабота 11.12.2021: Облачно со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, каде снежната покривка позначително ќе се зголеми. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, најизразен во источните предели. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите неколку денови, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Недела 12.12.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и снег на пониските, и снег на повисоките места и на планините. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурите ќе бидат уште пониски и тоа поради продор на постудена воздушна маса од север и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.