Тридневна временска прогноза (14.12.2021)

Тридневна временска прогноза (14.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 14 – 16 декември 2021 година

Вторник 14.12.2021: Променливо облачно и студено со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Локално ќе има услови за слабо провејување на снег. Температурите и понатаму остануваат ниски, и тоа под влијание на студената воздушна маса од север и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Среда 15.12.2021: Променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Четврток 16.12.2021: Променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите нема многу да се менуваат во споредба со оние од изминатите денови и истите ќе oстанат и понатаму релативно ниски. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.