Тридневна временска прогноза (29.03.2022)

Тридневна временска прогноза (29.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 29 – 31 март 2022 година

Вторник 29.03.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за сосема слаб и локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен, што значи дека истите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови. 

Среда 30.03.2022: Сончево со умерена, повремено и локално и позначително облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Ветерот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе бидат повторно повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Четврток 31.03.2022: Под влијание на циклонска активност, и на влажен воздушен бран од запад, времето ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежите ќе бидат во западните предели. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11, што значи дека истите ќе бидат значително повисоки, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.