Тридневна временска прогноза (18.05.2022)

Тридневна временска прогноза (18.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 18 – 20 мај 2022 година

Среда 18.05.2022: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со засилен ветер од северен правец и со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, и тоа особено во попладневните часови. Минималните температури ќе бидат малку повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе бележат тендсенција на пад за околу 6 степени, понекаде и за повеќе и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени.

Четврток 19.05.2022: Сончево и посвежо со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од оние кои ги имавме досега, и истите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Петок 20.05.2022: Сончево и повторно МНОГУ ТОПЛО преку ден. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Сепак наутро ќе биде СВЕЖО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.