Тридневна временска прогноза (17.06.2021)

Тридневна временска прогноза (17.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  17 – 19 јуни 2021 година

Четврток 17.06.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе има услови и за ретка појава на град.  Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интерваот од 25 до 34 степени.

Петок 18.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе има услови и за ретка појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Сабота 19.06.2021: Сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.