Тридневна временска прогноза (06.11.2021)

Тридневна временска прогноза (06.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 6 – 8 ноември 2021 година

Сабота 06.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе биде релативно тивко, а ќе има услови и за сосема слаб локален дожд и тоа во западните предели. Температурите и понатаму ќе бидат високи и натпросечни за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Недела 07.11.2021: Променливо облачно и понатаму натпросечно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Понеделник 08.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во доцните вечерни часови, како и во текот на ноќта во западните предели ќе има услови за локален слаб дожд. Температурите остануваат високи за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.