Тридневна временска прогноза (14.07.2021)

Тридневна временска прогноза (14.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 14 – 16 јули 2021 година

 

Среда 14.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Темперратурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималната ќе се искачи во интервалот од 33 до 41 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Четврток 15.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истит повремено ќе засилува. Температурите поради влијанието на изразениот топлотен бран од југ ќе останат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 41 степен. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Петок 16.07.2021: Сончево и понатаму МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне и навечер ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).