Тридневна временска прогноза (05.01.2022)

Тридневна временска прогноза (05.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 05 – 07 јануари 2021 година

Среда 05.01.2022: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец. Температурите остануваат натпросечно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Четврток 06.01.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во вечерните часови Долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Кон крајот на денов и тоа особено во западните предели ќе има услови за локален дожд со послаб интензитет, додека на планините ќе провејува снег. Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Петок 07.01.2022: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Особено кон крајот на денот и навечер со повремени локални врнежи од дожд.  На планините ќе има врнежи од снег. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.