Тридневна временска прогноза (22.03.2022)

Тридневна временска прогноза (22.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 22 – 24 март 2022 година

 

Вторник 22.03.2022: Сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност. Ќе има услови и за сосема слаби и локални врнежи од дожд и снег на планините, особено во источните и во североисточните предели. Ќе биде и доста ветровито, односно ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури и понатаму насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели.

Среда 23.03.2022: Сончево со мала локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури и понатаму ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 16 степени.

Четврток 24.03.2022: Претежно сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури сеуште ќе бидат релативно ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -5 до -1 степен, додека максималните ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.