Тридневна временска прогноза (30.04.2022)

Тридневна временска прогноза (30.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 30 април – 2 мај 2022 година

Сабота 30.04.2022: Променливо облачно и уште малку посвежо со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Минималните температури ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степени.

Недела 01.05.2022: Променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне локално ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, што значи дека ќе бидат нешто повисоки, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Понеделник 02.05.2021: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните дневни ќе се исјачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.