Тридневна временска прогноза (01.10.2021)

Тридневна временска прогноза (01.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 1  – 3 октомври 2021 година

Петок 01.10.2021: Променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд, а ќе има услови и за сосема ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите преку ден ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите неколку денови, додека наутро ќе биде свежо. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Сабота 02.10.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб  ветер од променлив правец. Наутро ќе биде постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 12 степени. Додека максималните нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.

Недела 03.10.2021: Претежно сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, додека максималните нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.