Тридневна временска прогноза (06.09.2021)

Тридневна временска прогноза (06.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 6 – 8 септември 2021 година

Понеделник 06.09.2021 Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додека во североисточните предели истиот ќе биде од североисточен правец и ќе засилува на интензитет. Ќе има и повремен локален дожд, проследен со ретки грмежи, особено во западните предели. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и тоа под влијание на потопла воздушна маса од југ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 5).

Вторник 07.09.2021 Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 4).

Среда 08.09.2021 Умерено, локално и позначително облачно но релативно суво. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде доста свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има релативно ниска вредност (коефициент 3).