Тридневна временска прогноза (09.12.2021)

Тридневна временска прогноза (09.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 9 – 11 декември 2021 година

Четврток 09.12.2021: Променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд, додека на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.  Температурите наутро сеуште ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе бидат повисоки за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

Петок 10.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд и снег на планините.  Температурите ќе бидат значително повисоки и тоа поради јужното воздушно струење, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Сабота 11.12.2021: Облачно со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, најизразен во источните предели. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите неколку денови, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.