Тридневна временска прогноза (26.04.2022)

Тридневна временска прогноза (26.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 26 – 28 април 2022 година

Вторник 26.04.2022:  Сончево и ДОСТА ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури нема да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 12 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Среда 27.04.2022: Сончево и ДОСТА ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури и понатаму нема да се менуваат многу и истите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Четврток 28.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремен локален дожд и ретки грмежи, и тоа особено попладне. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени, додека максималните ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 19 до 27 степени.