Тридневна временска прогноза (15.11.2021)

Тридневна временска прогноза (15.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 15 – 17 ноември 2021 година

Понеделник 15.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а особено во западните и во југозападните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите и тоа особено преку ден ќе бидат релативно високи и натпросечни за овој период од годината, додека наутро ќе биде постудено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Вторник 16.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Среда 17.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите нема многу да се менуваат, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.