Тридневна временска прогноза (12.10.2021)

Тридневна временска прогноза (12.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 12  – 14 октомври 2021 година

Вторник 12.10.2021: Претежно облачно и СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд и со умерен, особено Долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северен и од северозападен правец. На високите планини ќе има услови за врнежи од СНЕГ.  Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО потпросечни за овој период од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека ммаксимланите ќе се искачуваат во интервалот од само 8 до 16 степени во нај јужните предели од државава.

 Среда 13.10.2021: Променливо облачно и СВЕЖО со повремен локален дожд. На високите планини ќе има услови за провејување на СНЕГ. Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите остануваат потпросечни за овој период од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Четврток 14.10.2021:  Облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка. Во северните и во северозападните предели понекаде снежната граница има услови да се спушти и под 1000 м.н.в.  Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОТПРОСЕЧНИ за овој период од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 9 степени.