Тридневна временска прогноза (27.07.2021)

Тридневна временска прогноза (27.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 27 – 29 јули 2021 година

Вторник 27.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).

Среда 28.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите и понатаму остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).

Четврток 29.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ (северните предели на Африка) остануваат екстремно високи. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).