Тридневна временска прогноза (15.09.2021)

Тридневна временска прогноза (15.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 15 – 17 септември 2021 година

Среда 15.09.2021: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат високи и натпросекот, додека свежо ќе биде наутро и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 16 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Четврток 16.09.2021: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат високи и над просекот за овој дел од годината. Наутро сепак ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Петок 17.09.2021: Сончево и натпросечно топло со умерена облачност. Ќе започне да дува умерен, особено во западните предели повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Под влијание на топлата воздушна маса од југ, температурите остануваат значително повисоки од просечните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).