Тридневна временска прогноза (12.06.2021)

Тридневна временска прогноза (12.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  12 – 14 јуни 2021 година

Сабота 12.06.2021: Променливо облачно. Особено од пладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степени.

Недела 13.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во северните предели. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Понеделник 14.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.