Тридневна временска прогноза (03.01.2022)

Тридневна временска прогноза (03.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 03 – 05 јануари 2021 година

Понеделник 03.01.2022: Сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, а во останатите предели од северозападен правец. Температурите и понатаму остануваат натпросечно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

Вторник 04.01.2022: Сончево и натпросечно топло со умерена локална, повремено и со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите и понатаму остануваат високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Среда 05.01.2022: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец. Температурите остануваат натпросечно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.