Тридневна временска прогноза (24.05.2022)

Тридневна временска прогноза (24.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 24 – 26 мај 2022 година

Вторник 24.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и навечер локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

Среда 25.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе бидат уште повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Четврток 26.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Доцна попладне и навечер локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат уште малку повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени.