Тридневна временска прогноза (27.01.2022)

Тридневна временска прогноза (27.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 27 – 29 јануари 2021 година

Четврток 27.01.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните дневни ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО повисоки за разлика од изминатите денови и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Петок 28.01.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Кон крајот на денот и навечер облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од снег. Минималните температури насекаде ќе бидат негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Сабота 29.01.2022: Променливо облачно и постудено со умерен до засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за локално провејување на снег. Наутро температурите ќе бидат малку повисоки, и тоа поради облачноста и истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.