Тридневна временска прогноза (24.08.2021)

Тридневна временска прогноза (24.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 24 – 26 август 2021 година

Вторник 24.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на нестабилност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Среда 25.08.2021: Променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Четврток 26.08.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд. Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и тоа особено во западните предели повремено засилен ветер од западен правец.  Температурите нема многу да се менуваат во споредна со оние од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).