Тридневна временска прогноза (03.05.2021)

Тридневна временска прогноза (03.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  03 – 05 мај 2021 година

Понеделник 03.05.2021: Умерено, повремено и значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и од северозападен правец и истиот Долж Повардарието понекаде ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени.

Вторник 04.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

 

Среда 05.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Попладне локално ќе има нешто повеќе облачност а ќе дува и умерен ветер од јужен правец, кој особено на запад повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.