Тридневна временска прогноза (25.12.2021)

Тридневна временска прогноза (25.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 25 – 27 декември 2021 година

Сабота 25.12.2021: Умерено, локално и значително облачно и потопло. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат нешто повисоки за разлика од изминатите денови и тоа поради јужното воздушно струење. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

Недела 26.12.2021: Променливо облачно и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Особено во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд. Температурите, како минималните, така и максималние ќе бележат тендсенција на понатамошен пораст. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени.

Понеделник 27.12.2021: Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните предели а ќе дува и умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат уште повисоки и тоа поради јужното воздушно струење. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.