Тридневна временска прогноза (25.08.2021)

Тридневна временска прогноза (25.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 25 – 27 август 2021 година

Среда 25.08.2021: Променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Четврток 26.08.2021:Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд. Попладне ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и тоа особено во западните предели повремено засилен ветер од западен правец.  Температурите нема многу да се менуваат во споредна со оние од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Петок 27.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат за некој степен повисоки во однос на овие од изминатите денови, особено максималните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).